Алфа Таури сметаат дека сезона без казни е реалност за Хонда

Шефот на Алфа Таури, Франц Тост е сигурен дека неговата екипа може да ја комплетира цела сезона и сите трки од календарот без при тоа да им бидат доделени казни поради користење на поголем број мотори од дозволеното

Агресивниот развој на јапонскиот производител во текот на минтата сезона резултираше со многу казни поради поголем број на мотори од дозволеното, но австрискиот шеф е убеден дека тоа нема да биде случај сезонава.

мислам дека сезонава нема да добиваме казни за промена на мотор. немавме никакви проблеми на тестот и ако успееме да ја комплетираме сезоната без казни то ќе биде потигнување на една цел. во минатото имавме промена на мотор за време на тестот, но сега не беше така – појасни тост.

Тој верува дека новата спецификација на јапонците е голем чекор напред во однос на претходната, но јасно му е дека ќе им требаат неколку трки за да го видат цеиот потенцијал на перформансите.

оваа година многу напредуваа. веќе трета година ќе соработуваме заедно. ако го видите начинот на кој моторот е вграден во монококот и го споредите со лани, разиката е огромна. се е оптимизирано од еектричните кутии до пумпите за вода и се останато за да се добие подобар центар на гравитација, дистрибуција на тежината.

исто така направен е и голем чекор на страна на издржливоста и квалитетот како и перформансите. но, треба да поминат 2-3 трки за да видиме до каде сме затоа што никој не знае колку напредувала конкуренцијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ