Алфа Таури ќе го промовираат болидот на Денот на вљубените

Новобрендираната екипа на Алфа Таури е вториот тим во Формула 1 кој го објави датумот за промоција на нивниот болид за 2020 година.

Поранешната екипа на Торо Росо ќе ја претстави новата машинерија, која ќе ја возат Пјер Гасли и Даниил Квјат, вечерта на 14 Февруари, Петок.

Единствена друга екипа која го потврди датумот за промоција до сега е Ферари, кои ќе го одбраа 11ти Февруари за важниот ден.

Настанот на Алфа Таури ќе се одржи во хангарот број 7 на Ред Бул, во Салзбург. Скудерија Торо Росо го менуваат името по модниот бренд создаден од Ред Бул во 2016 година, а кој компанијата за енергетски пијалоци планира да го прошири.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ