Алфа ќе промовира на 19 Февруари

Алфа Ромео е последна екипа од гридот која објави датум за промоција на својот Формула 1 болид за 2020 година. Швајцарската екипа ќе го открие превезот од својот пакет на 19 Февруари, првиот ден од предсезонските тестови.

Промоцијата ќе се случи во 8.15 утрото во боксовите на Барселона – Каталуња автодромот, односно непосредно пред гаражата на тимот. Секако дека Кими Раиконен и Антонио Џовинаци ќе бидат присутни на настанот, а во нивно друштво ќе биде и тестерот и резервист, Роберт Кубица.

По пристигнувањето на полскиот возач во тимот, во пакет со неговиот спонзор ПКН Орлен, целосното име на екипата се промени во Алфа Ромео Рејсинг Орлен. Лани швајцарците од Хинвил завршија на лошото 9то ,место во поредокот во втората сезона шефување на Фредерик Васур со екипата.

Седум екипи веќе најавија датум за промоција, а едиствено Ред Бул, Вилијамс и Хаас немаат најавено кога ќе ги прикажат премиерно своите болиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ