Ал Атија очекува Алонсо да се врати на Дакар во иднина

Возачот на Тојота, Насер Ал-Атија, верува дека Фернандо Алонсо ќе се врати за втор обид на релито Дакар во иднина, откако беше импресиониран од неговото темпо на неговиот прв обид пред три години.

За време на неговата пауза од Формула 1 по тешкиот втор ангажман во Мекларен, Алонсо се впушти во широк спектар на дисциплини во моторспортот, вклучувајќи трки за издржливост, но веројатно се соочи со својот најтежок предизвик кога учествуваше на Дакар на почетокот на 2020 година.

Возејќи ја фабричката Тојота Хилукс на престижното крос-кантри рели во Саудиска Арабија, шпанецот ги надмина очекувањата завршувајќи во првите 10 во осум од 12те етапи, а на крајот забележа респектабилно 13то место во конечниот пласман.

Алонсо оттогаш го врати својот фокус на Формула 1 и неодамна потпиша повеќегодишен договор за Астон Мартин, со што останува во Ф1 до крајот на сезоната во 2024 година.

Сепак, нема јасност за тоа што ќе прави по завршувањето на неговиот актуелен договор и не може да се исклучи преселба во други првенства.

Четирикратниот победник на Дакар, Ал-Атија, чувствува дека Алонсо има апетит за крос-кантри рели и верува дека е можно секој возач од највисоко ниво да успее на маратонот кога ќе има доволно искуство во справување со теренот.

Сепак го притискам Фернандо да дојде повторно во Дакар.

Го познавам Фернандо од Ф1, но го запознав кога му се приклучи на тимот во 2020 година.

Тимот ме замоли да му помогнам да го подучам Фернандо на песочните дини. Беше три дена во Катар, под 50 степени целзиусови и беше навистина неверојатен. Тој е многу, многу талентиран.

Она што го направивме за прв пат во Дакар, тој ја покажа брзината. За ваков вид на трка треба да имате искуство, бидејќи ако ја видите историјата на Дакар треба да имате четири-пет-шест години искуство додека да победите.

Но, навистина беше убаво да се има Фернандо. Го чекам да се врати.

Притиснат дополнително дали мисли дека Алонсо може да се врати, Ал-Атија рече:

Мислам дека е така. Го сакаше Дакар и сигурен сум дека можеби следната година или за две години ќе се врати.

Ал-Атија се надева дека ќе ја одбрани титулата на Дакар следната година, кој повторно ќе се вози целосно во Саудиска Арабија, но на 14 етапи наместо 12.

Акцијата ќе започне на 31 Декември на крајот на овој месец, при што новата година ќе го означи почетокот на првата целосна етапа.

На Ал-Атија во фабричката екипа на Тојота ќе му се придружат Жиниел де Вилиер и Хенк Латеган за 45то издание на релито.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ