Амазон и Нетфликс во војна за ТВ правата во САД

Борбата за телевизиските права за Формула 1 во Соединетите Американски Држани станува се пожестока поради се поголемиот интрес за спортот на континентот.

Од 2017 година, Формула 1 се гледа во САД на ЕСПН кој согласно извештаите плаќа околу 5 милиони долари годишно за истите, но од 2023 година, кога завршува нивниот договор, се очекува таа сума да биде далеку поголема. Сето тоа е сосема оправдано ако се земе во предвид растот на попуарноста на тркачката серија во Соединетие Американски Држави.

Во 2019 година ЕСПН и Ф1 ја продолжија соработката, а отприлика од тогаш почна растот на популарноста на спортот во САД. Серијата Drive to Survive на Нетфликс е во голема мера одговорна за интересот за спортот, како и воведувањето нови трки, годинава во Мајами, а од следната година и во престижниот Лас Вегас.

Целта на шефовите на спортот е да ги продадат телевизискит епрва за 100 милиони долари. Медиумите велат дека ЕСПН веќе имаат доставено нова понуда од 70 милиони долари што е повеќе од 10 пати од тоа што во моментов го плаќаат, но реномираниот Business Insider тврди дека има големи играчи заинтересирани за правата.

Нетфликс ги сака правата за пренос, откако најавите се дека стриминг сервисот од 2023 година ќе мине на модел базиран на претпати така што Формула 1 одлично ќе се вклопи во тоа. Освен нив и Амазон и НБЦ ќе се наддаваат за правата. НБЦ пренесуваше Формула 1 до 2017 година, но загуби од ЕСПН при лицитацијата таа сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ