Американското Гранд При организира донации на храна

Патеката на Америките во Остин, Тексас, започна иницијатива преку која им овозможува на посетителите да ја искусат патеката, а истите за возврат да донираат прехранбрени производи за локалното население.

КОТА, лоцирана во близина на Остин, Тексас, беше отворена во 2012 година и од тогаш е постојан дом на Американското Гранд При во Формула 1 и МотоГП серијата.

На 10 Мај, КОТА ги поканува сите фанови да извозат круг околу 3,4 милји долгата патека, со ограничена брзина од 20 милји на час, а за возврат да донираат кон Central Texas Food Bank. КОТА ја опиша иницијативата како “парада на обединување, надеж и забава“ и ги покани учесниците да ги декорираат своите автомобили во знак на поддршка кон сите здравствени работници. Покрај донациите од учесниците, Germania Insurance ќе донира 10,000 долари, а таа сума ќе биде изедначена и од КОТА.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ