Америка и Мексико ја подржаа одлуката на Ф1

Организаторите на трките за Големата награда на Америка во Остин и Мексиканското Гранд При на Автодромот Ерманос Родригез ја прифатија одлуката на Формула 1 да ги откаже нивните трки оваа година поради сериозноста на ситуациајта со пандемијата во соодветните земји.

Бразил е третата откажана трка на американските континенти и тие се заканија дека ќе ги тужат Либерти Медиа за откажувањето, поради претрпени финансиски последици. Промотерот на Интерлагос не гледа никаква причина за откажување на неговиот настан за кој веќе почнал да продава влезници.

Боби Епстин, првиот човек на американска КОТА изјави дека ја разбира одлуката на Фпормула 1 и Либерти Медиа. 

Откажувањето е тешко, но целосно разбирливо. Ова не е за економија или бизнис, Тука се работи за здравје, пандемија и глобална криза. 

Тој е убеден дека Остин ќе продолжи да биде домаќин уште многу години. 

Тоа е целта. Не сакаме да застанеме само на 10 трки и да завршиме. Тука сме за да останеме на подолг рок.

На Автродромот Херманос Родригез во моментов има кино и привремена ковид-19 болница. 

Ние сме обврзани да гарантираме безбедно искуство на фановите и тоа е причината поради која е откажана нашата трка. Мора да се гарантира безбедност на публиката и оваа одлука беше да се смират страстите и да се почитуваат препораките. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ