Америка може да организира уште трки

Шефот на Патеката на Америките верува дека воСеверна Америка има толку голема побарувачка за Формула 1 и толку многу фанови на спортот, така што таму може да се организираат уште неколку трки.

Во моментов спортот го користи огромниот интеерс во САД, годинав на Тексас се приклучи и Мајами, додека во Ноември догодина се очекува и Лас Вегас да го одработи своето деби во календрот.

По 2007 година, американците немаа трка во спортот и слаба гледаност, КОТА влезе со својата трка во 2012 година и одготаш бројките и популарноста на спортот во Америка само се зголемуваат. КОТА во Февруаеи потпиша ново петгодишно продолжување на соработката со Формула 1, а годинава слават 10-годишнина од влезот во спортот.

Боби Епстин, шефот на патеката, најави рекордна публика годинава и врвна забава за фановит на патеката.

направивме нова патека за излез од автодромот што многу ни требаше за да го убрзаме процесот и намалиме гужвата. се додека лушето си одат, а претходно минуваат одлично време на патеката, ние ќе го користиме тоа и нашиот фокус ќе биде таму.

не можеме да контролираме што се случува на трката, но можеме да ја контролираме забавата и се што се работи крај патеката. нашиот капацитет може да биде и поголем што и ќе се случи со дополнителни трибини во годините кои следат – најави епстин.

Тој најави дека на КОТА се работи на изградбата на една нова трибина за дополнителни 6.000 гледачи за годинава.

ако во моментов не е се распродадено, тогаш огромен дел сигурно е. се работи за денови кога веќе нема да имаме никакви влезници. побарувачката за спортот во сад во моментов е неверојатна. многу лесно се полнат три трки, а во моментов сад имаат можност и публика и за многу повеќе.

Мајами ќе си го задржи своето место во Мај, додека Лас Вегас ќе биде ноќна трка, единствена која ќе се вози во Сабота. Епстин најави дека КОТА ќе остане традиционална трка во однос на својата понуда и ќе го задржи својот идентитет споредено со останатите американски трки.

мислам дека ќе останеме фаворити за оние кои сакаат добро тркање, но и оние кои сакаат фестивали, така што ќе бидеме одлична опција. мораме да се осигураме дека ќе имаме и конкурентна цена, имаме одличен персонал и ќе останеме место каде што ќе се грижиме за нрмалниот формула 1 фан.

ќе се разликуваме многу од останатите, вегас ќе биде ноќна трка, тоа е многу поинаку, додека мајами е друг тип на град и се вози во друг дел од годината, а сосема сме различни и од мексико и монтреал. нашата трка е различна, се вози во различно време од годината и си имаме свои фанови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ