Америка: Прва победа на Макс во Тексас за 12 поени предност

За прв пат во својата кариера Макс Верстапен победи на Американското Гранд При, за триумф број 18 во Формула 1 за него и подиум број 55.

Луис Хамилтон стигна до својот 177ми подиум во кариерата, но второто место значи дополнителен заостаток од нови 6 поени, вкупно 12 зад Верстапен, со оглед на тоа што го постави најбрзиот круг денеска. Серхио Перез стигна до својот 14ти подиум со 3то место на КОТА, а заедно со Макс го донесоа 200от подиум за тимот.

Интересно, ова беше 24ти пат во историјата на Формула 1, Верстапен и Хамилтон да завршуваат на првите две позиции, а само 5ти пат холанѓанецот да биде пред седумкратниот првак.

Во пресрет на стартот на трката, тензично беше во АлфаТаури кои на неколку минути пред да заврши дозволното време во кое може да се работи на болидите, го извадија поклопецот од моторот на Пјер Гасли и променија сензор во задниот десен дел. Сепак, иако го поправија болидот, во 15от круг откажа задната суспензија на французинот поради многуте нерамнини на патеката и тој мораше да се повлече.

Стартот беше извонреден за Луис Хамилтон кој имаше 3 стотинки побрза реакција од Верстапен и благодарение на тоа беше побрз до првата кривина и од внатрешниот дел успеа да го превземе водството.

Во позадина се случуваше жесток дуел на Карлос Саинз со двата болиди на Мекларен кои се претекнуваа кој од каде стигне. На крајот, шпанецот загуби позиција од Даниел Рикардо, позиција која не успеа даја поврати до крајот на трката.

Прв по нови гуми во боксот влезе Макс Версапен кои своите стартни медиум ги промени на хард уште во 10от круг, истиот круг во кој промени и Ландо Норис. Холанѓанецот се врати на патеката на 5то место, но експресно го мина Даниел Рикардо од Мекалрен за 4то.

Следниот круг во бокс беа токму Рикардо и Карлос Саинз, Мекларен променија од медиум на хард, а Ферари од почетните софт за Саинз, исто така на хард. Серхио Перез промени во 12от круг, но на користен медиум, додека истиот круг хард стави и Шарл Леклер.

Луис Хамилтон менуваше последен од водечките, поточно во 13от круг кога монтираше хард, но три кругови подолго возење го чинеше позиција и го загуби водството излегуваји на неколку секунди зад Ред Бул. Вториот Мерцедес возен од Валтери Ботас промени на хард во 16от круг.

Следуваа неколку кругови во кои Фернандо Алонсо со својот Алпин се бореше против возачите на Алфа Ромео, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци. Се избуткуваа на првата кривина, па си ги враќаа позициите, забавно и лудо.

Верстапен ја отвори и втората серија промени на гуми, влезе во 30от круг по нови хард, а веднаш по него и Карлос Саинз кои малку подолго се задржа. Круг подоцна променија и Чеко Перез, Даниел Рикардо и Ландо Норис. Шарл Леклер менуваше во 33от круг, а Хамилтон последен, во 37та обиколка, враќајќи се на 8 секунди зад Мaкс по што почна бркотницата за победа.

Естебан Окон се откажа од трката во 42от круг, а тимот не сакаше преку радио да ја откире причината, додека Фернандо Алонсо 9 кругови подоцна се паркираше во гаражата.

Во 43от круг, по некоклу кругови доближување до Даниел Рикардо, Карлос Саинз и Ферари нападнаа на 5то место, но однадвор шпанецот се прецени и имаше контакт по кој не се обиде повторно да мине.

Хамилтон и Верстапен беа на две секунди 5 кругови, но седумкратниот првак не успеа да нападне.

Валтери Ботас го превзема 6то место на Саинз во последниот круг.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ