Америка – Титула за Луис во Холивудски блокбастер

Трета шампионска титула за Луис Хамилтон за влез во елитното друштво на Сена, Пике, Лауда, Стјуард и Брабам постигната со неговата 43 ра победа во кариерата. Холивудски блокбастер во режија на британецот, трка преполна со претекнувања, безбедносни возила, по некој судар, адреналин, возбуда…баш како што доликува во крунисување на еден светски шампион.

Возбудлива трка од самиот старт на кој сите беа на интермедијат компонентата. Само половина од стартно целниот правец и првиот свиок беше доволен за Луис да го натера Розберг надвор од патеката и да му ја преземе првата позиција. Но тоа не беше се од Нико, по враќањето на патеката тој се вклучи на 4то место, беше поминат и од двата болиди на Ред Бул.

amerika_trka_mercedes

Кон крајот на колоната, првиот свиок донесе и контакт помеѓу Фернандо Алонсо на Мекларен и Валтери Ботас на Вилијамс, но без поголеми оштетувања за двајцата.

amerika_trka_start

Средина на првиот круг и повторно контакт, овој пат помеѓу двата болиди на Заубер. Откинат дел од предниот спојлер на Маркус Ериксон беше прегазен од болидот на баксузниот Ботас, кој мораше во пит по нови гуми, овојпат за суво време. Деловите од Зауберот “киснеа“ на патеката дури 7 кругови пред организаторот да воведе виртуелно безбедносно возило.

amerika_trka_sauber

Валтери Ботас извозе уште 5 кругови, а во 6от го паркираше својот Вилијамс во гаражата.

amerika_trka_bottas

Интересно е што по еден поминат круг, болидите на Скудерија Ферари, од опашката се вратија на 7мо односно 10то место, двајцата во поени.

Во 8от круг, виртуелното безбедносно возило беше вон сила, рестартот го искористи Нико и во еден здив ги мина двата болиди на Ред Бул, враќајки се веднаш зад Хамилтон.

amerika_trka_kvyat

Но, гумите на Мерцедес издржаа само 10тина кругови пред драстично да паѓаат во перформансите. Во 13от круг, Даниил Квјат се обиде да го мине Розберг, но влезе прешироко на првиот свиок, но еден круг подоцна во истата операција успеа Даниел Рикардо, превземајќи го 2то место.

amerika_trka_merc_red

“Сребрената стрела“ беше се послаба како одминуваа круговите со интермедијат компонентата. 15от круг, Рикардо го превзема водството на трката од Хамилтон, а три кругови подоцна и Нико го мина британецот, кој веднаш влезе по нови пневматици.

amerika_trka_kv_niko

Кругот број 20 беше интересен по нешто што одамна го немаме видено и не врати на едно поинакво време. Имено, Џенсон Батон од Мекларен постави најбрз круг на трката. Она што Хонда го направи пред трката, вроди со плод. Батон стигна на 6то место, а на Фернандо поени му избегаа за помалку од секунда, иако 10тина кругови пред крајот беше 5ти, но наеднаш загуби моќ од моторот.

Дваесетиот круг беше кобен за Кими Раиконен. Финецот излета, се забави од песокот крај патеката, но влета во заштитниот ѕид. Сепак, не го оштети многу болидот, со полна гас успеа да се одглави од Ролекс рекламата и да продолжи до боксот. Но, 7 кругови подоцна, неговите сопирачки почнаа да развиваат преголема температура и тој мораше да ја заврши трката.

Гумите за суво време веднаш покажаа кој е кој. Во исти круг, на ист дел од патеката, Розберг го мина Рикардо за превземање на водстото, а Луис го мина Квјат за 3та позиција.

amerika_trka_merc_red

24от круг значеше крај за трката за Фелипе Маса, но и 4то место за Себастијан Ветел откако и тој успеа да мине покрај Даниил Квјат.

amerika_trka_massa

Два круга подоцна, Хамилтон го мина Рикардо и веќе беше 1-2 за Мерцедес.

Следниот круг, на јубилејната 400та трка, откажа едниот болид на Заубер. Маркус Ериксон се паркираше на еден правец, но безбедносното возило мораше да излезе на патеката за болидот да биде отстранет со помош на механизација. Овој период го искористи Ветел да промени гуми во средна компонента и во тие моменти да планира да не влезе во пит до крајот на трката.

Безбедносното возило се заджа 5 кругови на патеката. По повлекувањето, човекот на моментот беше Ветел. Во 2 круга ги мина двата болиди на Ред Бул и дојде на 3то место и “подиум во џеб“.

amerika_trka_vet_riki

Кругот број 36 донесе инцидент на претекнување во првиот свијок помеѓу Форс Индија на Нико Хулкенберг и Ред Бул на Даниел Рикардо. Германецот го извлече подебелиот крај и се паркираше крај патеката, но виртуелното безбедносно возило повторно беше на патеката.

Розберг влезе во боксот во 39от круг, а по излезот го мина Ветел и во Ферари им беше јасно дека стратегијата со едни пневматици да се вози пола трка, не им оди во корист.

Во 43от круг, Даниил Квјат “се плесна“ во ограда и го искрши својот Ред Бул – ново безбедносно возило, Хамилтон и Ветел во бокс по меки гуми. Безбедносното возило се задржа 4 кругови, а потоа пласманот беше Розберг, Хамилтон, Верстапен и Ветел.

amerika_trka_kvyat_crash

Себ лесно се справи со Верстапен, но Розберг успеа да се одлепи, но по само два круга, изгуби концнтрација, прешироко влезе во една кривина, загуби многу. Луис лесно “продува“ покрај него, а Ветел дојде на добра дистанца, но не успеа да го помине до крајот.

Ред Бул имаше одлична трка, но на крајот остана само со поен од Даниел Рикардо, но одлични беа “дечките“ од Торо Росо со 4то и 7мо место.

Хамилтон и теоретски си ја освои титулата, а нема промени и кај 2ро и 3то место во генералниот пласман, но Нико намали од 7 на 4 поени негатива.

amerika_trka_rezultati

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ