Америка, Т1: Мерцедес секунда пред сите

Валтери Ботас беше најбрз на првите 60 минути од Американското Гранд При откако финецот извозе време за половина десетинка побрзо од својот колега, Луис Хамилтон.

Она што треба да го загрижува падокот е тоа што третопласираниот Макс Верстапен заостана нешто под секунда во однос на Мерцедес, а двата болиди на Ферари беа зад него, Леклер половина секунда, Саинз две десетинки зад колегата. Пјер Гасли беше 6ти, зад него Пјер Гасли со вториот Ред Бул, додека осмопласираниот Ландо Норис беше последен под две секунди од времето поставено од Ботас.

Возачите на Алфа Ромео беа последни во топ 10, Антонио Џовинаци заостана точно две секунди, а Кими Раиконен само две илјадитинки зад него.

Естебан Окон на Алпин и Јуки Тсунода на АлфаТаури беа најактивни со по 22 кругови, додека Ландо Норис имаше само 11 обиколки. Фернандо Алонсо комплетираше 12 кругови и постави 15то време откако по нецели пет минути од сесијата го предизвика црвнеото знаме откако неговиот болид остана неподвижен крај патеката.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ