Андрети ги прекинал преговорите со Заубер

Андрети Аутоспорт ги прекинал преговорите за превземање на мнозинскиот пакет акции во Заубер, така што амбициите на американецот за влез во Формула 1 се завршени, барем на кус рок.

Според пишувањето на The Race, Андрети требало да купи 80% од акциите на Заубер Груп кои ги поседувала компанијата Ислеро Инвестментс, поседувана од шветскиот милијардер Фин Раусинг. Едно од најскапите средства кои ги поседува Заубер Груп, секако дека е Формула 1 тимот на Алфа Ромео.

Двете страни се договориле на купопродажба на 80%, но Раусинг барал петгодишен спонзорски договор вреден 50 милиони долари годишно од страна на Андрети  со цел да се гарантира присуствотро на Формула 1 тимот на гридот доколку се јави кусок на финансии. На Мајкл не му се допаднало тоа и поради тоа преговорите биле прекинати.

Исто така, се верува дека Раусинг не е мотивиран да го продаде тимот затоа што нема потреба од ликвидни средства во својата Ислеро Инвестментс компанија. Згора на тоа, се чини дека Формула 1 во иднина ќе стане многу лукративна, а вредноста на тимот само ќе се зголеми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ