Андрети сеуште загреан да влезе во Ф1

Американецот Мајкл Андрети, сопственик на повеќе тркачки екипи во тамошните тркачки серии, откри дека неговиот Формула 1 интерес не се намалил и покрај тоа што не успеа да го купи Алфа Ромео Рејсинг.

Андрети моторспорт поседуваат тркачки екипи во Индикар, Инди Лајтс, Формула Е, Екстрим Е и дел од Австралијанскита суперкар екипа. Тие беа во завршна фаза од преговорите со Ислеро Инвестментс, главниот акционери на Заубер Моторспорт, ки раководат со Формула 1 тимот Алфа Ромео. Но, во пресрет на Американското Гранд При во Тексас, преговорите пропаднаа поради проблеми околу договорот за контролата врз тимот.

формула 1 е најголемата тркачка серија во светот и мислам дека може да направи чуда за нашиот бренд. надвор од америка сме во формула е и екстрим е, така што следна цел е формула 1

беше многу разочарувачки што не успеавме да влеземе во формула 1 затоа што буквално бевме на 48 часови да целосен договорот, така барем мислевме во тоа време.

јас сеуште сум многу расположен за формула 1, но можностите стануваат се помали, екипите во моментов не се на продажба, така што мораме да почекаме да видиме што ќе се случи во иднина.

интерес има, јас ја обожавам формула 1 затоа што е врвно тркачко искуство и за нашиот бренд би било нешто огромно, би не донело на врвно ниво – смета андрети.

Американецот откри дека преговорите со Заубер почнале во текот на пролетта, а се засилиле во текот на летото.

беше навистина густ распоред. во мај почнавме повеќе да се слушаме, а потоа следуваа лудиот август и септември. се работеше без престан и едно време мислевме дека имаме договор и се е договорено, но потоа од нас се бараа нови работи кои не сакавме да ги прифатиме.

Мајкл посочи дека ќе продолжи да бара можности за негов влрз во спортот.

секогаш има план б и план ц, така што дефинитивно сеуште напаѓаме. ќе видиме што ќе се случи, но јас нема да се предадам. ќе се појават нови можности кои не се актуелни во моментов и ние ќе пробаме да оставиме некоја од нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ