Андрети се подготвува да инвестира во Заубер моторспорт

Инвестициска компанија предводена од Мајкл Андрети бара начин да превземе значителен удел од Заубер моторспорт, компанијата која раководи со Алфа Ромео Формула 1 тимот.

Компанијата на Андрети сака да превземе удел од дури 80% од Ислеро инвестментс, компанија која го купи Заубер во 2016 година, а е дел од Лонгбоу фајнанс груп. Заубер беа на работ на преживување, но откако беа превземени од новите сопственици, се стабилизираа и работат долгорочно. Американецот наводно понудил 350 милиони евра за Заубер моторспорт и Заубер инженеринг.

Претходно името на Андрети се споменуваше како можен газда на Рејсинг Поинт кога екипата влезе во постапка на администрација. Таа 2018 година за тимот имало 4 понуди, прифатен беше онаа на Рејсинг Поинт на Лоренс Строл, а руски Уралкали до ден денеска се жали на постапката за избор на нов сопственик на тимот. Компанијата на Анрети тогаш понудила 28,5 имлиони долари, што било “ситно“ помалку од понудата на Строл.

Андрети веќе има одличен Индикар тим, има своја екипа во електричната Формула Е и свој претставник во Екстрим Е.ж

не е тајна дека мајкл подолго време се интересира за влез во формула 1. анализиравме и неколку пати низ годините дојдовме до добри опции за влез, но во моментов немаме ништо повеќе.

наша страст е тркањето во било која форма и доколку се укаже соодветна можност да се донесе името на андрети во формула 1, ќе ја искористиме. за сега можноста ја нема и остануваме фокусирани на дисциплните во кои сме активни – изјавија од компанијата на андрети.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ