Арно: Ферари нема да направи чуда годинава

Седумкратниот Формула 1 победник на трки, французинот Рене Арно, не очекува чуда од Скудерија Ферари оваа сезона.

Италијанците имаа огромен пад во перформансите минатата година и завршија само ан 6то место во поредокот откако една година претходно беа 2ри, а 2020 година им беше прва по 40 години кога не беа во топ 4. Не се очекуваат големи подобрувња од тимот од Маранело поради огромните ограичувања на развојот оваа сезона поради зголемување на штедењето и ограниченото трошење.

Матиа Биното најави дека засилено се работи на целосно нов мотор затоа што агрегатот беше нивна главна маана лани, додека болидот беше развиван аероаинамички цела сезона и веројатно ќе има посилни перформанси поради поправање на голем дел од проблемите.

треба правилните луѓе да се постават на правилни позиции за сите оддели добро да функционираат заедно. може да имате се, но ако луѓето не работат добро заедно, тогш нема да направите ништо.

енцо ферари и жанд тод, на пример, знаеа како да менаџираат со се многу добро во ферари. тод можеби не знаеше да дизајнира болид, но многу добро знаеше да склопи тим за тоа. тој се осигуруваше дека вистинските луѓе ќе работат за него и поради тоа имаше резултат. тоа сега го нема.

Дека Арно зборува со своето искуство говори и фактот што тој имаше успех со Скудерија во 1983 година кога освоија конструкторска титула, а тој заврши ан 3то место кај возачите. Тоа беше негова прва сезона одработена за Ферари во која победи три пати и беше подобар од својот колега Патрик Тамбеј. Таа сезона италијанците беа збришани од тандемот Лауда – Прост кој се тркаше зад Мелкарен, а по само една трка во 1985 година, Арно ја напушти екипата.

Но, французинот сеуште има огромна почит кон историската екипа која сак да успее и да се врати на победничките патеки во иднина иако е свесен дека за тоа ќе биде потребно време.

јас давам само идеи во врска со работите кои треба д се направат, но за секоја промена треба време, не се победува преку ноќ и поради тоа верувам дека не треба да очекуваме чуда од ферари годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ