Артур Леклер стана дел од Академијата на Ферари

Ферари го доведоа братот на Шарл Леклер, Артур Леклер, да биде дел од нивната развојна Акадеија за млади возачи, а 18-годишникот ќе вози за Према Пауертим во Formula Regional European Championship.

Шарл стигна до две победи и до седум пол позиции на патот кон 4то место во возачкиот поредок минатата Формула 1 сезона која беше прва за него со Скудерија Ферари по што италијанците му понудија долгорочен договор обврзувајќи го до крајот на 2024 година.

Артур лани возеше во германската Формула 4 за УС Рејсинг и таму стигна до една победа, дополнителни седум пати се искачи на подиум и два пати имаше најбрз круг.  Тој многу доцна почна да се бави со моторспорт, а во 2018 година француската Формула 4 му беше прво искуство со едноседи.

Сезонава која претстои ќе биде дел од Према, истата екипа со која брат му во 2017 година на доминантен начин ја збриша Формула 2 конкуренцијата и освои титула додека беше актуелен ГП3 шампион година претходно.

навистина сум среќен што ќе возам во формула регионал со еден од најдобрите тимови во јуниорските серии. имав тест со према пред две години и секогаш сум сонувл да се тркам за нив.

оваа огромна можност е одлична шнс. мене и горд сум што можам да објавм дека станувм дел од возачката академија на ферари. благодарен сум на поддршката и довербата која ја имаат во мене и не можам да дочекам да почне сезоната – изјави артур леклер.

Академијата на Ферари доби уште еден нов возач во шведскиот картинг пилот Дино Бегановиќ кој исто така ќе вози за Према сезонава. По три години во светското картинг првенство, 15-годишникот ќе има прва сезона во големи едноседи со сезона во италијанската Формула 4 серија и неколку трки во германската Формула 4 серија.

Од Маранело потврдија и дека 17-годишниот бразилец Џанлука Петекоф останува дел од нивната програма откако заврши најпрво на 4то место, а лани и на 2ро место во итлијанската Формула 4. Тој ќе вози крај Леклер во Формула Риџнал шампионатот за Према, екипа која му овозможи доминантна титула на Фредрик Вести во 2019 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ