Артур Леклер ќе вози за Према во Формула 3

Актуелните шампиони во Формула 3, италијанска Према Рејсинг, го најавија Артур Леклер како еден од нивните возачи за наредната сезона. 

20-годишниот возач е помлад брат на возачот на Ферари, Шарл Леклер. Тој е член на Академијата на Ферари, од која годинава во Формула 2 возеа Калум Илот, Роберт Шварцман и Мик Шумахер. 

Леклер ја започна својата кариера во француската Формула 4 во 2018 година и беше трет во германската Формула 4 наредната година. 

Задоволен сум што ќе го пречекам Артур во Формула 3. Тој имаше одлична сезона во 2020 година и заврши со повеќе победи од било кој друг. Неговите перформанси се одлика на напорната работа и ние тоа го бараме.

Со нетрпение чекаме да започнеме со подготовките за наредната сезона – изјави шефот на Према, Рене Росин.

Помладиот Леклер зборуваше за посебниот однос со Према. 

Задоволен сум што ќе преминам во Формула 3 со Према Рејсинг. Ова е ново искуство за мене. Има многу возачи на гридот и форматот на трката е навистина возбудлив. Имам искуство со тимот. Ова е моја втора година со нив и имаме посебна врска. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ