Асен влегува во комбинација за Холандското Гранд При

Холандската Гранд При Фондација очекува да ги продолжи преговорите со ФОМ околу одржување на Холандското Гранд При со патеката ТТ Асен, откако истече ексклузивноста со Зандворт.

Ексклузивниот период на преговори со Зандворт истече во Недела, а запрашан дали веќе започнале со преговори со ФОМ, промотерот на Асен, Ли ван Дам одговори дека сеуште не, но тоа ќе се случи набргу.

Ќе се сретнеме во Четврток, а потоа ќе видиме кој ќе биде нашиот следен чекор. Но знаеме дека се враќаме на работа. Можеби сеуште постои шанса да се донесе Формула 1 во Асен.

За мене лично, недостаток на коментари од ФОМ околу Зандворт, кажува нешто. Мислам дека доколку беше постигнат договор, тие ќе го објавеа, како што направија со Виетнам.

Тие беа многу среќни што договорот беше постигнат и веднаш го објавија. Имам чувство дека Зандворт не го постигнале договорот и се додека ништо не е финализирано, постои шанса за нас.

Се работи напорно. Имаме целосен бизнис план, патеката ќе почне со реновирање во Октомври. Одлучивме дека ќе продолжиме со напорна работа се до моментот кога ќе ни кажат да престанеме или кога ќе ни дадат зелено светло.

Доколку ни биде понуден договор, ќе го потпишеме веднаш. Секако, зависи од Формула 1 Менаџментот. Тие се вистински господа, прво ќе завршат со Зандворт.

Но, можеби грешам и можеби Зандворт се многу понапред и треба да комплетираат неколку детали пред да потпишат. Тоа може да се случи. Тоа ќе ја промени ситуацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ