Аскари доби споменик во Милано

Во Милано беше откриено нов споменик на двократниот Формула 1 шампион, италијанецот Алберто Аскари.

Тој е роден во Милано, а животот го загуби на тестирање на Монца возејќи болид на Ферари. Легендата беше шампион во 1952 и 1953 година возејќи за Скудерија Ферари пред да вози за Масерати и Ланчиа.

На Милано Монза мотор шоу беше откриен споменик во негова чест и преседателот на клубот и градоначалник на Милано, Џузепе Сала изјави:

Има моменти кога светот на автомобилите треба да ја реосмисли мобилноста и Милано е градот кој ќе ја направи промената во урбаната мобилност во Италија.

Претседателот на настанот Андреа Леви зборуваше за време на настанот:

Споменикот на Аскари ги обединува Милано и Монца како градови на мотоспортот.

Алберто Аскари е првиот возач шампион во Формула 1. Тој бил на подиум на половина од трките кои ги возел и бил на 14 пол позиции. Заедно со Шумахер се единствените возачи кои имаат последователни титули со Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ