ОФИЦИЈАЛНО: Астон и Хонда заедно од 2026

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Астон Мартин ќе стане официјален фабрички тим на Хонда од 2026 година, откако претходно јапонците официјално потврдија до ФИА дека остануваат во спортот и по крајот на актуелната ера на мотори.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Првично Хонда во 2020 година најави дека на крајот на 2021 година официјално се повлекува на спортот, што се совпадна со насловот на Макс Верстапен во годината на легендарна борба против Луис Хамилтон. Но, иако Ред Бул планираа сами да си ги прават своите мотори преку Пауертреинс дивизијата, се чини дека не беа подготвени за тоа, а Хонда остана да им помага и така ќе биде до крајот на 2025 година. Нивната иднина не беше јасна затоа што и покрај тоа што се обрзаа дека ќе останат во тркачката серија, немаа потврда во која екипа ќе доставуваат мотори.

По импресивните изданија на Астон Мартин на почетокот од оваа сезона и фактот дека по 2025 година завршува нивниот договор за снадбување со мотори со Мерцедес, нема да продолжат со “сребрените стрели“ туку ќе тргнт по патот со Хонда и всушноста ќе станат нивна фабричка екипа.

нашата иднина како фабричко партнерство со хонда е дел од сложувалката во силно амбициозниот план на астон во формула 1 – посочи главниот извршен директор на тркачката екипа, мартин витмарш.

Првичното откажување на јанпоснкиот проиводител од спортот беше поради нивната намера да ги исполнат одржливите амбиции и да се насочат кон електрификација. Формула 1 треба да престане да емитува штетни гасови до 2030 година, а од 2026 година треба да се користат мотори на целосно одржливо гориво и да се зголеми силата на електро моторит.

една од клучните причини за нашата одлука да влеземе во овој нов формула 1 предизвик е дека тоа е кремот на тркањето во свеотот и цели да биде одржлива тркачка серија што е во согласност со насоката на која хонда се движи и ќе стане платформа за да го забрзаме развојот во електричната технологија.

веруваме дека технологиите и знаењето собрано од овој нов предизвик потенцијално може директно да се примени на на идното асовно производство на електрични автомобили како на врвните модели така и во различни технолошки објасти – изјави техихиро мибе, глобел главен извршен директор на хонда.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хонд и Ред Бул стигнаа до шампионска слава во 2021 и 2022 година, а во моментов се доминантни и на добар пат за нова двојна титула, така што се надеваат дека и партнерството со Астон ќе биде исто толку успешно. Претседателот на ХРЦ, Коџи Ватанабе дополни:

тие во моментов работат на различни мерки за да го засилат тимот и сериозно да се заканат за титула. многу високо ја ценат нашата програма за формула. мотори и можеме да се потрпеме на нивниот позиитивен став и силна страст за победа. одлучивме да работивме заедно и да целиме на највисоки резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ