Астон Мартин збунети од губењето на брзината на квалификациите

Себастијан Фетел и Ленс Строл изјавија дека не разбираат зошто им недостасуваат перформанси на квалификациите во Канада. 

Фетел стигна до трета позиција на последниот тренинг во Канада додека Строл беше во топ 10 на истиот. Ниту еден од нив не стигна погоре од К1 и завршија на 17то и 18то место и беа побрзи само од Латифи и Тсунода. 

Не знам каде ја загубивме брзината. Не променивме многу од Т3 до квалифиакциите, но бевме побавни. Штета е бидејќи овие услови ни одговараа. Со овој болид не бевме изнанадени од времето по круг. Болидот тешко се возеше и лизгаше задниот дел. Мора да ги разгледаме податоците и да видиме каде сме погрешиле – изјави Фетел. 

Строл дополни дека биле доста конкурентни на Т3, но се разочарал што не продолжиле така на квалификаците. 

На К1 немав грип и завршив на крајот. По жолтото знаме на крајот на сесијата не можев да се поправам и подоцна бев една секунда побрз откако се исуши патеката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ