Астон Мартин и ТикТок станаа партнери

Астон Мартин Формула 1 тимот и социјалната мрежа ТикТок, објавија дека ќе станат партнери на начин на кој тимот ќе споделува ексклузивна содржина на платформата.

Логоата на ТикТок исто така ќе бидат присутни на АМР21 болидот како дел од соработката. Социјалната мрежа има огромен раст во популарноста во однос на Формула 1 содрижните кои се прегледани повеќе од 100 милијарди пати.

ТикТок подготвува повеќе забавни предизвици како на пример #CatchChallenge каде корисниците треба да видат дали се подготвени да бидат на нивото на Себастијан Фетел и на Ленс Строл. Под хаштагот #DidYouKnow ќе се објавуваат ксклузивни содржини од позадина, нешто што не е видливо за време на Формула 1 преносите.

Партнерството помеѓу двете компании официјално ќе биде промовирано на Британското Гранд При викендов.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ