Астон Мартин најавуваат пеколна прва кривина во Џеда

Од Астон Мартин предвидуваат жесток прв круг на Џеда и куп возачи кои ќе сакаат да се протнат низ првата кривина за да “ќарат“ колку што може повеќе.

Саудиското Гранд При за прв пат се појавува во календрот сезонава на привремената градска патека Џеда Корниш. Иако автодромот има неверојатни 27 кривини, се очекува да биде втора најбрза трка во календарот со 252 кмч просечна брзина.

Себастијан Фетел е нетрпелив за предизвикот и очекува да додаде уште некој поен на 43те кои досега ги освои.

патеката изгледа многу интересно, многу е долга и има многу кривини, најголем дел се ултра брзи. се подготвивме колку што можеме подобро со оглед на тоа што никој нема искуство. целиме на колку што може повеќе поени од трката – очекува четирикратниот шампион.

Од тимот сметаат дека можноста за поени на возачите во многу ќе зависи од тоа кој како ќе го мине првиот свиок по стартот.

приодот кон првата кривина може да биде најинтересен дел од трката затоа што болидите ќе возат по правец од 500 метри пред да кочат за многу тесна лева кривина.

Клучно ќе биде да се преживее низ сите тренинг сесии на патеката затоа што се работи за нов автодром од кој никој нема никакво искуство.

патеката е целосно нова што значи дека првите тренинг сесии ќе бидат клучни и ние имаме за цел да комплетираме колку што може повеќе кругови за колку што може подобра подготовка.

се работи за одличен предизвик, а по 6то место во катар, сакаме да ја пренесеме формата и на последните две трки до крајот на годината – најави ленс строл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ