Астон Мартин ја објаснуваат стратегијата на Алонсо

Дали првичното застанување во бокс за промена на медиум наместо на интермедиа гуми беше пропуштена можност за Астон Мартин?

Во тимот од Силверстон не мислеле дека ќе има доволно дожд за да гарантира префрлување на интермедиа пневматици кога го повикаа Фернандо Алонсо за потенцијално одлучувачкиот бокс во трката. Шпанецот веќе возеше подолго во првата серија поради стартување со тврда гума, но заканата од дожд додаде уште еден елемент во нивната стратегија додека тие се обидоа да се справат со разликата до Макс Верстапен.

Кога почна да врне на патеката во 52от круг од трката, врнеше само во средниот сектор, кој стана лизгав додека остатокот од патеката беше сув. Алонсо беше запрашан од тимот преку радио дали вреди да се префрли на интермедиа, но шпанецот не можеше да даде дефинитивен одговор поради сувите делови на патеката.

Астон Мартин избра сет на медиум, при што тој влезе во круг пред Верстапен кој остана надвор додека дождот почна да се засилува.

Кога почна да врне дожд во свиоците пет, шест и седум, јас бев со тврди гуми, тие беа прилично стари со 50 кругови и беше тешко да се зголеми температура на нив во тој дел од трката – изјави Алонсо за медиумите.

Значи, размислувавме да застанеме и одлуката беше да застанеме за медиум или интермедиа. Прашав за прогнозата, тие рекоа дека ќе има краток дожд, но не треба да биде премногу обилен. Реков дека ќе одиме на мазни гуми  бидејќи помеѓу пет, шест и седум имаше неколку капки дожд и секаде на друго место беше суво.

До оваа фаза, дождот се прошири низ патеката и ги принуди возачите да се префрлат на интермедиа. Дополнителниот круг му овозможи на Верстапен да го задржи своето водство, бидејќи Алонсо мораше повторно да влезе за сет на интермедиа. Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, рече дека тимот очекувал само краток дожд што брзо ќе се исуши поради високата температура на патеката.

Не очекувавме толкав дожд, да бидам искрен. Затоа мислевме дека ќе биде само краток дожд и брзо сушење на патеката бидејќи беше многу жешка – објасни тој.

Нормално, би останале уште два или три кругови, но гумите беа доста истрошени и видовме дека температурите се намалуваат, така што тоа беше малку ризично.

Кога влезе болидот во бокс, со тие информации на располагање одлучивме на медиум, но кога болидот го напушти боксот набргу видовме дека навистина врнеше многу дожд и моравме да се влеземе повторно.

Алонсо најпрво се најде во бокс кога заостана 13 секунди зад Верстапен, но ја загуби предноста кога мораше повторно да влезе во бокс за сет на интермедиа. На прашањето дали мисли дека тоа е изгубена шанса, Крак смета дека Верстапен имал доволна предност за да влезе во бокс и да го одржи водството.

Мислам дека тоа не беше изгубена можност, бидејќи ако ги наместивме интермедиа гумите, Макс ќе ги искористеше медиумот до максимумот во тие кругови, а тој исто така ја имаше и предноста. Затоа, мислам дека немаше многу да се смени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ