Астон Мартин први открија датум за промоција, 10 Февруари

Астон Мартин стана првата екипа од гридот која официјално го потврди датумот за промоција на својот нов болид во пресрет на сезоната.

Во електронска порака пратена до фановите утрово, тимот потврди дека АМР22 пакетот ќе биде промовиран на 10 Февруари во седиштето на производителот во Гајдон. Со тоа, тие станаа прва екипа со потврден датум за промоција, а се очекува и останатите екипи наскоро да објават кога ќе ги откријат своите адури за претсојната година.

Ферари најавија дека планираат промоција околу 16-18 Февруари, но сеуште немаат официјана потврда за точен датум.

Предсезонскиот тест крај Барселона ќе почне на 23 Февруари и ќе се вози три денови, но ќе биде од затворен тип без присуство на публика.

‘Зелените“ влегуват во сезоната сакајќи да се вратат на вистинска патека по разочарувачката мината сезона кога завршија на 7мо место кај конструкторите. Тимот од Силерстон имаше лош почеток откако се ребрендираа од Рејсинг Поинт.

Четирикратниот шампион Себастијан Фетел дојде до подиум за тимот во Баку, а Ленс Строл имаше најдобар топ 6 пласман при крајот на сезоанта во Катар.  Најголема промена во тимот се чини е шефовското место кое го напушти Отмар Шафнауер, е шпекулациите велат дека Марсин Будковски од Алпин ќе го замени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ