Астон Мартин решаваат по понудата на Строл

Сопственикот на Рејсинг Поинт, Лоренс Строл, многу скоро може да стане голем акционер во Астон Мартин откако компанијата објасни дека во Петок ќе донесат одлука дали да се прифати неговата понуда за превземање на 20% од акциите на тимот за износ од 200 милиони британски фунти.

Сепак, како што пренесува угледниот Financial Times, канадскиот милијардер има силна конкуренција од кинескиот производител на автомобили Гили кои исто така сакаат да се стекнат со удел во реномираниот бренд.  Двете понуди ќе бидат разгледани на состанокот на Бордот на директори, а износот и уделот со кој двете страни би се стекнале е идентичен.

На Астон МАртин итно му требаат средства, вредноста на нивните акции се намали, а добивктие беа драстично опаднати по Октомври 2018 година кога акциите на компанијата за прв пат беа понудени на берза. Последната најава за финансиските извештаи на друштвото велеше дека крајниот резултат за 2019 година ќе биде полош од претходниот.

Компанијата потврди дека е во потенцијални преговори со стратешки инвеститори кои може, но и не мора да вклучуваат превемање на дел од акциите.

Кинески Гили веќе поседува големи автомобилски брендови како Лотус, Протон и Волво и секако дека во интерес им е да имаат техничко партнерство помеѓу тие брендови. Строл има деловни активности во моторспортот и модната индустрија, така што се очекува Астон да биде споен со Рејсинг Поинт иако во моментов се главни спонзори на Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ