Астон Мартин сака да биде забележан

Извршниот претседател на Астон Мартин, Лоренс Строл, изјави дека Формула 1 е местото каде припаѓа биде легендарниот производител и на тој начин сакаат да бидат забележани од луѓето. 

Тимот на Строл, Рејсинг Поинт, беше ребрендиран во Астон Мартин Ф1 откако канаѓанецот инвестираше во луксузниот бренд кој беше на прагот на колапс. Со тоа се промени иднината на Астон и сега се подготвуваат за електрификација на брендот, нешто што е голем предизвик. 

Едноставно е, тука треба да биде Астон Мартин. Ова е бренд кој имал голем успех во сите нивоа на врвниот моторпспорт и сега сакаме да испишеме нова страница на спортот. Очекуваме многу од сите кои го сакаат брендот и се фанови на спортот – најави лоренс.

Строл ги потенцираше стратешките цели на Астон Мартин во однос на нивниот маркетинг.

Ова е главниот дел од маркетинг стратегијата на нашиот бизнис. Ние сакаме резултати на патеката и ќе го шириме нашето присуство на повеќе платформи како еСпортс каде сакаме да сме забележани.

Доаѓањето на Когнизант е прв чекор на нашиот пат. Формула 1 е одличен излог за нашите автомобили. Има уште многу да се зборува за потенцијалот на Формула 1 што го носи за обичните автомобили. Ќе ги покажеме врските на Формула 1 и обичните автомобили. 

Строл верува дека брендот ќе биде силен во спортот и ќе се зголеми нивната публика. 

Сите знаат што значи Астон Мартин, но Формула 1 тимот ни дава можност да го прошириме брендот и да поставиме силни темели. Сакаме да зборуваме со поголема публика, Имаме организација со искусни и страсни тркачи. Целта е да ги собереме новите фанови со нови идеи и нова енергија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ