Астон Мартин се поблиску до Ф1

Се погласни се шпекулациите дека Астон Мартин ќе има многу поголема вклученост во Формула 1 откако неочекувано се повлекоа од германскиот тјуринг ДТМ шампионат.

Помалку од месец пред почетокот на сезоната во ДТМ, серијата остана само со два производители откако Р-Моторспорт остана без поддршката од Астон Мартин кои само една година беа дел од престижната германска тркачка серија.

Вестите доаѓаат во момент кога се во ек шпекулациите околу наводната понуда на Лоренс Строл за купување на голем удел во британскиот производител на луксузни автомобили кој веќе некое време е голем спонзор на Ред Бул.

Откажувањето на Астон Мартин е сеиорзен удар на серијата раководена од Герхард Бергер каде само БМВ и Ауди остануваат вклучени како производители, откако Мерцедес ја напушти серијата на крајот на 2018 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ