Астон Мартин се фокусираат на болидот за 2023 година

Шефот на Астон Мартинм Мајк Крак, изјави дека мала група на инженери останува да работи на актуелниот болид на тимот, додека сите останати работат на болидот за 2023 година. 

Тимот донесе големи надградби во мај во Шпанија од кои имаше доста придобивки, но сепак не може да напредуваат многу со новите правила и се на 9та позиција кај конструкторите, единствено пред Вилијамс.

Бидејќи мора да продолжиме со развојот на овој болид, мала група на инженери ќе останат да работат на него, но останатите ќе се фокусираат на АМР23. Нашиот фокус веќе некое време е свртен на АМР23.

Новата сезона и новиот болид се најголема шанса да одиме пред нашите конкуренти – свесен е крак.

Резултатите оваа сезона се разочарувачки, но Крак смета дека има повеќе од тоа што се гледа во однос на перформанси и надградби. 

Бевме обвинети дека сме копирале друг болид, а сега сите сакаат да го украдат нашето ново задно крило. Многумина го сакаат тоа крило. Мора да се направат повеќе задни крила, не само едно бидејќи мора да имаме резервни делови.

Донесовме големи надградби во Шпанија и имавме делови за двата болида. Тоа не се случило кај никој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ