Астон Мартин ќе се жалат на дисквалификацијата

Формула 1 тимот на Астон Мартин најави дека има намера да се жали на дисквалификацијата на Себастијан Фетел од Унгарското Гранд При и одземањето на освоеното второ место на крајот од трката.

За време на вообичаените проберки по крајот на тркаа од страна на ФИА не можеа да бидат извадени потребните 1 литро гориво од болидот, туку по неколкукратни обиди, техничкиот персонал на Астон успеал да извади само 0,3 литри што е прекршување на техничките правила и дисквалификација.

На сослушувањето од екипата изјавија дека согласно пресметките во болидот има 1,74 литри гориво, а по извадените 0,3 литри, во системот мора да има уште 1,44 литри, но не знаат каде се, односно ФИА не може да ги извади.

Фетел го запре својот АМР21 болид на две кривини пред крајот на кругот, а тимот појасни дека имал проблем со пумпата за гориво, нешто што може и да биде објаснување зошто не било најдено соодветното количество во болидот.

Зелениот болид ќе остане во гаражата на ФИА во Будимпешта во текот на ноќта за дополнителни проверки за да се најде горивото, а потоа истиот оди во објектот на ФИА во Франција. Намерата за поднесување жалба значи купување на време пред тимот да одлучи дали официјално ќе се жали или не.

потврдувам дека имаме намера да се жалиме и штом ќе дознаеме повеќе и ќе имаме темели за поднесување жалба, ќе го сториме тоа, а ако не е така, ќе се откажеме. сепак, имаме 96 часа да решиме.

согласно нашите пресметки, треба да има уште 1,44 литри гориво во болидот откако 0,3 литри беа извадени. основа на нашата жалба ќе биде да им докажеме на фиа дека го има потребното количество од 1 литар во болидот, а земените 0,3 литри се доволни за нивните испитувања.

болидот е одземен и треба да најдеме начин да го извадиме горивото и сигурен сум дека ќе го сториме тоа – објасни отмар шафнауер, шефот на екипата.

Во врска со откажувањето на една од пумпите за гориво, тој објасни:

изгледа дека тоа беше причина за дефектот, но не сме расклопиле за да темелно истражиме. од некоја причина, таа пумпа не работеше и не можеше да го извади горивото надвор од болидот.

Екипата може да пресмета колку гориво има во болидот затоа што знаеле колку внеле во него пред стартот и затоа што контролата на протокот на гориво од страна на ФИА точно покажува колку се искористило во текот на трката.

го мериме горивото што влегува во болидот, а сензорите на фиа покажуваат колку од тоа гориво е искористено во текот на трката. разликата помеѓу внесеното и потрошеното е тоа што е останато во болидот и така знаеме дека имаше 1,74 литри.

тоа го имаме како податок, фиа знае колку е потрошено затоа што тоа го следат, ние им ги дадовме сите податоци во врска со тоа колку гориво сме ставиле и тие може да го проверат тоа во секое време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ