Астон нема да направи чудо со Рејсинг Поинт

Рејсинг Поинт нема да прерасне во чудо кога следната година ќе стане фабричка екипа на Астон Мартин, убедува техничкиот шеф, Енди Грин. Откако Лоренс Строл, сопственикот на Рејсинг Поинт, купи голем удел во Астон Мартин, Формула 1 екипата ќе прерасне во фабрички тим од следната година.

Во моментов Рејсинг Поинт инвестираат во приширување и доградување на фабриката во Силверстон откако помина периодот на Форс Индија и доктор Виџеј Малиа, период во кој тимот редовно имаше финансиски проблеми. Грин најави дека екипата нема да се прошири во големи размери како водечките екипи туку ќе се фокусира на ефикасност согласно буџетското ограничување кое стапува на сила од следната година.

една од првите дискусии кои ги имавме со строл беа во врска со тоа како понатаму и што треба да направиме за да напредуваме, а во исто време да не станеме дел од “големите монструми“ во спортот. сакавме да се обидеме да ја задржиме ефикасноста во однос на големата која во моментов ја имаме, сметавме дека сме во одлично место и одлично оптимизирани што се однесува до големината.

не сакавме одеднаш да се прошириме од 450 вработени на 800-900 луѓе, тоа никогаш не беше наша желба и наша цел – вели грин.

Техничкиот шеф појасни дека склучување на договор со Мерцедес за користење на нивниот воздушен тунел било од огромна корист за екипата, нешто што немало да биде возможно да не бил Лоренс Строл кој го договорил сето тоа.

една од најважните дискусии секако дека беше како да го намалиме заостатокот зад големите екипи затоа што година по година гледавме како тие имаат се посилни перформанси и бегаат зад остатокот од гридот, а тоа е чиста физика.

разговаравме со мерцедес многу долго време за користење на нивниот воздушен тунел, но се додека не се појави лоренс строл таква соработка не беше можна. од првиот ден тој додаде дополнителна вредност во нашите преговори со мерцедес во однос на воздушниот тунел, а промената беше навистина гоема.

Од следната сезона на сила ќе стапи буџетското ограничување од 145 милиони долари по сезона со цел да се направи спортот одржлив и конкурентен, а Грин е задоволен што деновите кога требаше 800 луѓе во една екипа за да се победи се завршени.

ако зборувавме за титула пред некоја година секако дека беше потребно голема екипа со 800 вработени за тоа, но со оглед на правилата кои треба да стапат на сила од 2022 година мислам дека тие диносауруси од екипи мора да станат многу помали и многу поефикасни.

што се однесува до финансискаа страна на новите правила, мислам дека таа ни одговара и дефинитивно ќе ни овозможи да бидеме конкурентни со големите екипи, ако воопшто тие останат големи.

топ тимовите ќе назадат и гридот ќе се изедначи кон нас. ние работиме вака со години, ова е нивото на кое се развиваме долго време и поради тоа регулативата ни одговара. изградивме систем и групи кои знаат како да работат во околина со ограничени трошоци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ