Астон открија детали околу откажувањето на Строл

Астон Мартин го идентификуваше проблемот за откажувањето на Ленс Строл од трката во Саудиска Арабија минатиот викенд, иако допрва треба да ја утврди основната причина за проблемот.

Откако стартуваше од 5то место на гридот, Строл возеше силно на 4то место пред да се префрли од медиум на тврда гума во 13от круг. Но, три круга по влегувањето во бокс,канаѓанецот доби наредба од боксот на Астон да го запре својот болид, што тој уредно го направи, извлекувајќи се од патеката во свиокот број 16.

Само ја губевме моќта секој круг, околу шест, седум круга, секунда и половина во секој круг и на крајот заврши трката – рече Строл по трката.

Редарите го искористија противпожарниот апарат на сопирачките, но имаше малку чад од моторот.

По трката, кога болидот на Строл беше вратен во гаражата, раната дијагноза покажа дека AMР23 имал проблем со обновувањето на енергијата, иако во тој момент не беше јасно што го предизвикало проблемот.

Вистинска штета е што Ленс беше принуден да се откаже предвреме поради проблем со обновувањето на енергијата, чија причина се уште се истражува, бидејќи тој имаше силно темпо и сигурно ќе освоеше многу поени – рече Крак, алудирајќи на извонредното возење на Фернандо Алонсо до третото место.

Строл, кој сè уште гсе мачеше со десниот зглоб во Саудиска Арабија, беше разбирливо разочаран што ја пропушти втората можност оваа сезона да постигне солидни поени.

Беше разочарувачки да се повлечам од трката по толку ветувачки викенд. Имав одличен почеток и навистина уживав во претекнувањето на Карлос Саинз, околу надворешната страна на свиокот број 13.

Тоа не е резултатот што го посакувавме, но ја напуштаме Саудиска Арабија знаејќи дека имаме многу конкурентен болид и ќе ја продолжиме борбата следниот пат во Австралија – заклучи канаѓанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ