Асфалтот крај патеката ја уништува Спа, смета Саинз

Карлос Саинз не ги сака асфалтните делови за излетување околу легендарниот Спа Франкошамп затоа што смета дека истите го уништуваат тамошното тркање и наместо тоа сака песок и трева.

Тревата беше долго време поставена околу Спа, но повќе тоа не е случај затоа што автодромот се врти кон препораките на ФИА за асфалтни делови за излетување. Саинз смета дека асфалтот ја уништува потребата да се балансира ризикот кој на традиционална патека како Спа може многу да донесе.

мислам дека единственото нешто кое на спа во моментов недостасува се песокот и тревата до кривините. сега имаме премногу асфалт и мислам дека ризикувањето и излетувањрто на асфалт повеќе не се исплатува.

иако бзбедноста е на прво место сеуште треба да се најде компромис со толку многу асфалт. иако комбинацијата во вториот сектор и одличниот о’руж се феноменални мислам дека треба да се направи повеќе за да се казнат возачите кои прешироко минуваат во одредени длови ризикувајќи.

со асфалтот таму едноставно губите страв и ризикувате премногу. на излезот од 13та кривина и од 8та кривина ми недостасува песокот и ми недостасува тревата за да го казни непотребниот ризик.

разговараме за ова со фиа за да видиме како можеме барем да создадеме чувство кај возачите за повеќе да се цени ризикот и наградата од истиот во некои кривини – откри саинз.

Мајкл Маси е свесен дека Спа стана патека кој простува, но смета дека правилото за останување во рамките на патеката и казни за прекршување на истото осигуруваат добро тркање.

не е тајна дека патеката работи на фим дозвола и враќање на моторциклите, а вештачката трева наоколу не е дел од тоа и поради тоа е отстранета и автодромот во одредени делови многу повеќе простува грешки од порано.

но, воведувме други мерки. за да се почитуваат границите на патеката, мерки кои ги користиме на екоја патека каде се тркаме. на спа имавме исти мониторинг како и секаде, а во последно врем евоведовме и систем со контрола на времето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ