Ауди би им одговарал на Алфа Ромео

Ред Бул не ги крие желбите дека сака да соработува со Порше во Формула 1 откако одлуката за влез на Ауди и Порше во тркачката серија е одложена до објавувањето на новите правила. 

Се зборува дека Ауди има спремни 1 милијарда долари кои би ги потрошиле на Формула 1 проектот. Мекларен се подготвува за договор вреден 650 милиони долари за продажба на тимот на Ауди, но сепак има и шпекулации за разговор со Алфа Ромео и Астон Мартин. Сепак, Фред Васур ги отфрла таквите гласините бидејќи нема информации, но тимскиот менаџер, Беат Зендер, сака да каже нешто повеќе. 

Работевме со Мерцедес и БМВ така што Ауди би ни одговарале. Секако сакаме атрактивен партнер посебно по нашите перформанси од првите две трки, Но не сум инволвиран во разговорите. Не е само Ауди, тука е и Порше. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ