Ауди споделија детали за сработеното

Од Ауди ги објавија деталите за работата пред влезот во спортот во 2026 година со работата на новата фабрика во Заубер како дел од зголемување на инфраструктурата. 

Во Август беше најавено дека Ауди ќе влезе во спортот како доставувач на мотори и подоцна беше објавена и врската со Заубер. 

Заубер ќе биде стратешки партнер на тимот и ќе ја развива шасијата во Хинвил. 

Ауди работи на нов објект во Нојбург во кој ќе се тестира новиот мотор. Објектот е проширување на центарот за моторспорт отворен во 2014 година и е дом на тркачките операции на Ауди. 

Сега имаме идеална база за нашиот Ф1 проект. Ауди Нојбург беше дизајниран да се справи со најмодените моторспорт проекти. Мислам дека тоа ќе се исплати. Веднаш почнавме со Ф1 проектот. Со зголемувањето на инфраструктурата за развој на моторот сега ќе добиеме и дел каде ќе се тестира моторот во најдобри услови – изјави оливер хофман од ауди. 

Ауди вработи 220 нови луѓе и се очекува бројката да помине 300 до средината на наредната година. 

Развојот на моторот е најголем предизвик. Имаме одличен тим во Нојбург кој цело време расте – изјави Адам Бејкер. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ