Ауди и дефинитивно не го купува Мекларен

Зак Браун од Мекларен ја отфрли продажба на тимот на германски Ауди и покрај интересот за купување на екипата. 

Фолксваген преку својот Главен извршен директор пред неколку дена потврди дека планира да влезе во Формула 1 со своите брендови Ауди и Порше. Се чини дека работата за Порше е веќе завршена со Ред Бул, но Ауди сеуште ги разгледува своите опции. 

Од компанијата потврдија дека веќе имале разговори со Мекларен и дека сакале целосно да го превземат тимот и да се ребрендира во Ауди Формула 1 тим. Влегувањето на Ауди во тимот би го сменило името, но Браун појасни дека нема место за Ауди во Мекларен. 

Не, не. Нашите акционери се посветени на Мекларен. Имавме разговори со Ауди, но не сме на продажба. Имаме иднина и сакам да сме подобри на патеката.

Акционерите прават големи инвестиции. Моралот во тимот е доста висок. Немаме интерес да го продаваме тимот. Ние сме Мекларен Ф1. Така и ке останеме – посочи американецот.

Браун е сигурен во иднината на тимот со подобрената финансиска ситуација по кризата на почетокот на пандемијата. Инвестицијата од 185 милиони долари од инвеститорот МСП Спортс Капитал го поставила тимот на добра основа. 

Во многу подобра позиција сме од пред 18 месеци. МСП Спортс Капитал влезе и инвестираше. Тоа се чини дека беше пред долго време, но излезе одлично.

Ќе го задржиме сопствеништвото на тимот. Ние не разговараме за тоа. Не сакаме да го продадеме тимот и тука е Андреас кој треба да одлучи кој мотор го сака во болидот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ