Ауди со амбициозен план, да бидат на чело до 2029

Германски Ауди пред себе си постави амбициозна цел, а тоа е да се тркаат на чело од поредокот по само три години од влезот во Формула 1 заедно со Заубер.

Неодамна тие купија 25% од акциите на швајцарски Заубер, кои во моментов се тркаат во Формула 1 како Алфа Ромео. Купувањето на дел од тимот ќе се одвива сукцесивно, а во 2026 година Ауди треба да има 75% од екипата.

Дотогаш, Заубер ќе се трка независно откако на крајот на оваа година завршува нивниот договор со Алфа Ромео, а компанијата неодамна за Главен извршен директор го постави Андреас Сеидл.

дефинитивно нема да ни е здодевно од сега се додека не влеземе во формула 1. да се развие формула 1 хибриден мотор е огромен предизвик, најголем кој инженер може да го има и поради тоа за нас е клучно што поскоро да го почнеме тој процес, штом правилата бидат официјализирани – посочи адам бејкер, шефот на формула 1 проектот на ауди.

Моторот на германците ќе се развива во објект од 3.000 м2 во Нојберг која се вика Ф7.2, а во таквиот проект ќе бидат ангажирани 240 луѓе. Развој на конкурентен мотор за само три години е претешка задача, но Бејкер е свесен и не потценува никого.

официјално го потврдивме нашиот влез во формула 1 порано од било кој производител во последно време, така што на време сме со планот. знаејќи ја големината на предизвикот, сакаме да завршиме одлична работа до 2026 година и немам сомнеж дека ќе биде така.

како и да е, првата сезона ќе мораме да имаме највисоко можно ниво на издржливост, а потоа само ќе се подобруваме со перформансите. наша цел е да бидеме на чело од поредокот за три години. за тоа ни треба врвен мотор, да се знае каков мотор се произведува во германија, високи перформанси и врвна изджливост.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ