Ауди: Ф1 проектот почнува да се оформува

Ауди ќе влезе во Формула 1 како производител на мотори со Заубер во 2026 година, а од тимот потврдуваат дека веќе се поставени темелите за изработка на нивниот агрегат. 

Германскиот производител ќе се приклучи на Формула 1 гридот во 2026 година како фабрички производител, додека швајцарскиот тим до тогаш ќе функционира самостојно.  Моторите се развиваат и произведуваат во Нојберг и веќе се работи на зголемување на инфраструктурата потребна за Ф1 програмата. 

Ауди ќе мора да почека три години за да се официјализираат правилата, нешто што се покажа доста продуктивно за Мерцедес кога се донесуваа новите правила во 2014 година за турбо хибридите. Извршниот директор на Ауди Формула Рејсинг, Адам Бејкер, потврди дека развојот на моторот е започнат. 

Ауди Формула 1 проектот започна во изминатите месеци. Сега сме во концепт фазата и се поставуваат темелите на моторот за 2026 година. Се работи за многу важна и детална работа како на пример материјалите и технологиите за производство како и хибридот. Тоа е клучно за нашата иднина во Формула 1. 

Ауди планира да го тестира целиот концепт до крајот на годината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ