Ауди ќе покажат концепт на својот болид на саемот во Шангај

Во Август минатата година, Ауди официјално откри дека има намера да влезе во Формула 1 како снабдувач со мотори согласно новите правила од 2026 година, а неколку месеци подоцна потврдија дека постигнале договор со Заубер кои ќе бидат превземени од германеците и задолжени за шасијата.

На крајот на Јануари годинава, Ауди превзема малцински удел во компанијата од Хинвил, а во Април тие ќе го прикажат сојот болид на саемот во Шангај како дел од планот за објавување на повеќе детали на нивниот Формула 1 проект.

Во свое интервју за Automotive News Europe, портпарол на компанијата го откри тоа и посочи дека Кина била одбрана за покажување на концептот на болидот поради тоа што најбројната земја во светот е во исто време и најголем пазар за Ауди. Дополнително, тој смета дека носењето на болидот че биде поздравено од огромниот број фанови кои веќе 4та година по ред не добиваат можност да гледаат Гранд При трка откако истата еткажана поради пандемијата. Ауто ангај почнува на 18 Април и завршувва 9 денови подоцна.

Иако има уште многу време до 2026 година, веќе се потврдени две големи промени, првата е дека ќе се користи целосно синтетичко гориво за разлика од денеска кога етанолот учествува само 10% во смеата. Турбомоторот со В6 архитектура и зафатнина од 1,6 литри ќе продолжи да се користи, но електричната моќ ќе се зголеми за 50%. Исто така, компаниите кои за прв пат ќе почне да произведуваат мотори, ќе добијат поголем буџет одошто староседелците.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ