Баку може да остане и без трка годинава

Либерти Медиа и ФИА работат под полна пареа да склопат нов и изменет календар за она што остана од годинава, но организаторите на Азербејџанското Гранд При се заинтересирани да се најдат на тој календр, но само доколку не постои никаква закана од ново откажување на настанот.

Првата Гранд При трка за сезоанва требаше да се случи на средината на МАрт во Австралија, но настанот во Алберт Парк во Мелбурн беше откажан на само два часа од првата петочна тренинг сесија во ситуација во која се беше подготвено и сите трошоци беа направени. Потоа следуваше откажување на уште седум трки кои следуваа подоцна согласно првичниот календар кој во моментов е неважечки.

се договоривме со формула 1 дека ќе потврдиме датум на новиот календар само доколку нема никаква закана за откажување на трката кај нас – најави ариф рахимов, директорот на настанот.

При првото откажување на трката од организациајта најавија дека на нив им требаат 10-12 недели за целосно да ја подготват градската паека со потребната инфраструктура, но исто така и дека трка во Азербејџан поради климатските услови мора да се случи пред Октомври.

доколку формула 1 ги исполни нашите услови, тогаш верувам дека можеме да имаме уште едно одлично гранд при со никаква загуба во однос на продажбата на влезници. кога пандемијата ќе заврши, луѓето ќе сакаат да излезат а имаат помал буџет за трошење на забавни активности – свесни се азербејџанците.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ