Баричело смета дека на Ферари малку им фали за титула

Рубенс Баричело, поранешниот возач на Скудерија Ферари, смета дека на трофејниот тим од Маранело малку му фали за да ја освои титулата следната тркачка сезона.

Бразилецот од 2000 година до 2005 година мина во Маранело како поддршка во златната ера на Михаел Шумахер.

титулата оваа година беше тешко освоена, многу потешко од последните 3-4 години, но во исто време сезоната беше интересна и возбудлива за гледање – објасни рубенс.

Во врска со обидот на италијанците конечно да стигнат до титула, 47-годишникот за La Gazzetta dello Sport објасни:

мислам дека на ферари не им фали речиси ништо или им фали ситница. имаа победи, освојуваа пол позиции и многу поени. да бидам искрен, мислам дека им фали малку.

За крај тој беше запрашан да го коментира евентуалното губење на трката на Сао Паоло и преместување на локацијата во Рио де Жанеиро.

немам ништо да кажам во врска со тоа. не сакам да коментирам никакви контроверзии затоа што не знам што е точно, а што не е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ