Баричело: Хамилтон е поталентиран од Сена или Шумахер

Рубенс Баричело смета дека Луис Хамилтон е најголемиот тркачки талент на сите времиња, поголем од Михаел Шумахер или Аиртон Сена.

Тоа е голем коментар од Баричело, чиј идол и ментор беше големиот бразилец, а кој исто така беше и тимски колега на легендарниот германец за време на славните години во Ферари. Во интервју за ЕСПН Бразил, 47-годишниот Рубенс го истакна следното:

Талентот на Хамилтон е најверојатно поголем од тој на Аиртон или Шумахер. Него му недостасуваше само зрелост во почетокот на кариерата, но тој се разви и сега го гледаме конечниот производ. Треба да го слушате радиото од последното Бразилско Гранд При, тој е неверојатно смирен и јасно му опишува на тимот што му е потребно, а што не.

Идеалниот Формула 1 возач би ги имал способностите на Аиртон, храброста на Шумахер и координацијата на Хамилтон – вели Рубенс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ