Баричело: Шуми се грижеше само за себе

Иако Рубенс Баричело вели дека имал добра соработка со Михаел Шумахер, бразилецот смета дека неговиот поранешен тимски колега се тркал само за себе.

Баричело беше тимски колега со Шумахер помеѓу 2000 и 2005 година и стигна до 9 победи во текот на шест години. Сепак, во текот на времето поминато во Ферари, Баричело јасно беше означен како возач број 2 во екипата. Тој вели дека Шумахер никогаш не бил тимски колега кој дава поддршка.

Јас секогаш се спријателував и секогаш имав добра соработка со сите мои тимски колеги. Тоа го вклучува и Шумахер.

Но тој никогаш не даваше поддршка. Никогаш не даваше помош, затоа и никогаш не побарав. Има тимски колеги кои може да ги прашате, но можеше да се забележи дека тој …

Михаел беше поинаков, тој беше помалку наивен во начинот на кој работеше. Толку многу пати ќе завршевме со состанок и потоа ќе започнеа со уште еден само со Михаел. Јас само ќе седнев и толку. На крајот, имав чувство дека тоа е негов тим.

Сепак, бразилецот признава дека седумкратниот шампион бил неверојатен на патеката.

Тој беше супер, супер во брзите свиоци, беше многу храбар. Начинот на кој јас возев во бавните свиоци, успевав да извлечам повеќе брзина при излезот. Паметам кога Браун му кажа неколку пати дека мора да се промени.

Мислам дека и двајцата се притискавме на повисоко ниво. Тоа беше добро. Не е лесно да го притиснете Михаел на повисоко ниво. Ако ме споредите со Михаел, беше повеќе како 70:30. На поинаков начин, тој беше подобар од мене.

Тој беше повеќе комплетен, а Михаел исто така имаше лоши денови. Кога имаше лоши денови, беше паднат, но тимот го враќаше назад и знаеја како да му влијаат позитивно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ