Барселона доби “зелено светло“ за трка

Формула 1 доби зелено светло за тркање на Големата награда на Шпанија, трка крај Барселона која треба да се одржи на крајот од овој месец. 

Имаше шпекулации дека поради зголемениот број на корона случаи во каталонската престолнин постои можност да се откаже трката, но сепак не дојде до тоа.

И покрај растот на корона случаите во Шпанија, имаме зелено светло. Хотелите ни се јавија да прашаат дали важат резервациите. Ќе може да се одржи трката бидејќи ќе бидеме затворени – изјави Хелмут Марко. 

Се претпоставува дека многу механичари се побуниле незадоволни од забраните во периодот на пандемијата. 

Сите се навикнавме на овој начин на живот затоа што Нема друг избор. Мислам дека одговорот од првите трки беше добар. Нема гледачи и тоа е. Важно е да се сфати сериозно пандемијата и да се превземат мерки. 

Формула 1 одлучи да ги откаже трките во Северна и Јужна Америка, но Бразил се побунија и заканија со тужба, нешто што за Марко е неодговорно. 

Фактот што Европа најдобро се справи со пандемијата е логично што остануваме тука и продолжуваме да се тркаме тука.

Во моментов на календарот има 13 трки, а целта е да се заврши со двојна програма во Бахреин и финале во Абу Даби. 

Треба да имаме календар со 15 трки. Вирусот е непредвидлив. Може да планираме само за моменталната ситуација. Доколку има нов зголемен број на случаи ќе бидеме немоќни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ