Барселона пред договор со Ф1 за зимски тест

Автодромот Барселона Каталуња е многу блиску до договор со Формула 1 за спроведување на зимскиот тест во пресрет на сезоната.

Поради огромната промена на правилата следната година, спортот планира два одделни тестови за болидите од 2022 година, првиот по се изгледа ќе биде во Барселона, а вториот сигурно во Бахреин.

Патеката крај Барселона неделава потпиша договор за организација на Шпанското Гранд При до 2026 година, така што во моментов се работи на засебен договор за организација и на тестот.

во принцип ќе имаме формула 1 во февруари три денови. ни треба само последниот чекор за да постинеме деловен договор и да ја постигнеме цената за услугите кои ги бараат од нас, но тоа е работа во тек.

прогнозите се дека ќе има тестови во бахреин една недела пред почеткот на сезоната, а на екипите ќе им треба многу повеќе возење со овие нови болиди – откри хозе луис сантамариа, оперативен шеф на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ