Барселона работи на подолг договор

Извршниот директор на патеката во Барселона, Јосеп Луис Сантамариа, работи на останување на календарот на подолг рок. 

Трката во Шпанија е во прашање бидејќи е една од патеките која не е возбудлива за гледачите. Со додавање на нови патеки на календарот, се чини дека Шпанија повеќе нема да биде дел од Формула 1 календарот. За оваа година, Барселона доби продолжување, но нема ништо за наредната. 

Сантамариа е свесен дека инфраструктурата треба да се обнови и дека тоа треба да е дел од петгодишен договор за патеката. 

Имавме состаноци со целиот тим за да работиме на продолжување на договорот. Потребни се инвестиции во инфраструктурата.

Сега имаме 30-годишна патека на која и требаат нови технологии. Сите тимови треба да се чувствуваат удобно. Вистина е дека е потребно обновување на патеката. 

Тој додаде дека Главниот извршен директорк, Стефано Доменикали, сака патеката да остане на календарот. 

Доменикали ни кажа дека Формула 1 сака да остане во Барселона и да се потрудиме да ги подобриме објектите.

Ние сме најголема патека во Европа која организира Формула 1, МотоГП и други серии. Имаме 31 трка зад нас и мора да се поправиме. Високо сме ценети не само од тимовите туку и од Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ