Барселона тест, ден 2: Кими најбрз

Изненадувачки, Кими Раиконен со својата Алфа Ромео го постави најбрзото време во текот на денешните 8 часови тестирање по Барселона Каталуња патеката во Шпанија. Времето на финецот беше за 1/4 од секундата побрзо од она на Чеко Перез кој со Рејсинг Поинт покажуваат одлични перформанси до сега. Трето време и четири десетинки зад мексиканецот постави Даниел Рикардо на Рено.

Ред Бул со Александер Албон беа осум десетинки зад најбрзото време, додека Пјер Гасли беше зад него, но заосана повеќе од секунда зад најбрзото време. Ферари со Фетел поставиј 6то време, а германецот беше две десетинки и две позиции пред својот колега во ситуација во која Џорџ Расел ги раздели.

Мерцедес по вчерашниот импресивен ден се чини денеска ја криеја формата и поставија 9то и 13то време.

Роман Гросжан од Хаас беше рекордер со 158 кругови пред Гасли со 146 и Перез со 145 обиколки. Трофицрен број на кругови имаа и Норис (136), Раиконен (134), Албон (132), Расел (116) и Хамилтон (106). Возачите на Рено возеа најмалку само 92 круга заедно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ