Батон го советува Хамилтон да не се пензионира прерано

Поранешниот Формула 1 првак и сегашен Советник во Филијамс, британецот Џенсон Батон, не верува дека е време Луис Хамилтон да размислува за пензија. 

Хамилтон дојде во Мерцедес во 2013 година откако донесе изненадувачка одлука да го напушти Мекларен. Тој ја освои првата титула во 2008 година токму со Мекларен, а сега е седумкратен шампион што го става на исто ниво со Михаел Шумахер. 

Хамилтон има едногодишен договор со Мерцедес што истекува на крајот на оваа година и многумина веруваат дека ова е последна година за шампионот која сака да ја заврши со уште една титула. 

Тешко е да се каже бидејќи некој кога е на врвот не треба да се откаже од спортот бидејќи ќе му недостасува спортот. Тој е цел живот во формула 1.

Јас неколку години размислував да заминам се додека не ја донесов таа одлука. Не мислам дека ќе ја напушти Формула 1 бидејќи е прерано за него – анализира батон.

Хамилтон бара мотивација за која Батон смета дека Мерцедес треба да направи нешто ново и да го изгради тимот одново да станат шампиони. 

Можеби промена на тимот или нешто друго? Но да се изгради тим околу него и да се бори за титулата. 

По трката во Бахреин, Хамилтон има јасен приказ дека нема да се откаже наскоро. 

Секоја година се зборува за ниво и секоја година тоа ниво е повисоко. Го сакам предизвикот и го сакам тоа што го правам – изјави Хамилтон по трката во Бахреин. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ