Батон: Инженерот Саинз многу брзо ќе го стигне Леклер

Џенсон Батон предвидува блиска борба помеѓу Карлос Саинз и Шарл Леклер, велејќи за шпанецот дека тој е “речиси инженер“ кој управува со тркачки болид.

Карлос дојде од Мекларен и доби двегодишен договор со италијанскиот тим во најмладиот тандем на возачи кој Скудерија го имала по подолго време. Многумина очекуваат поголемото искуство на Леклер да му помогне во борбата против својот колега и Саинз да биде возач број два.

Но, Џенсон Батон, првакот од 2009 година, е нетрпелив да види како ќе се одвива битката во текот на сезоната сметајќи дека Саинз може многу брзо да стане сериозен конкурент за староседелецот.

мислам дека карлос многу скоро ќе дојде блиску до леклер. разговарав со инженерите на мекларен и тие ми рекоа дека саинз е речиси како инженер. има многу интелигентен пристап и работи многу со екипата, многу часови макотрпно.

тоа е одлично затоа што не дозволува емоциите да го надвладеат во однос на болидот и вадење максимум. не оди преку лимитот додека вози и се трка во текот на викендот, тој е одличен возач кој може многу да му помогне на ферари – вели џенсон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ