Батон очекува поголемо разбирање помеѓу Фетел и Леклер

Поранешниот Ф1 возач, Џенсон Батон, смета дека возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер ќе работат подобро заедно годинава и ќе се фокусираат како тим да ги поразат Мерцедес.

Во првата сезона со Ферари, Леклер беше подобар од Фетел во првенствоот, а 22-годишниот возач стигна до 2 победи и повеќе пол позиции од било кој друг возач на гридот. Но во одредени моменти имаше тензична ситуација помеѓу двајцата возачи, што доведе и до меѓусебен судар во Бразил. Батон смета дека двајцата ќе го искористат наученото од 2019 година и ќе ја започнат новата сезона посилно и со обединет пристап.

Мислам дека минатата година двајцата се обидуваа да ја откријат својата позиција во тимот. Шарл, како нов возач и со повеќе пол позиции од другите, и Фетел, четирикратниот шампион. Двајцата се многу талентирани возачи и мислам дека по првата сезона, сега може да работат како тим и да се фокусираат на победа над Мерцедес, а не само еден против друг.

Ферари сеуште ќе треба да ја менаџираат состојбата. Мислам дека Себастијан сега разбира колку е неговиот колега брз и мислам дека ќе имаат подобра врска годинава. Очигледно сакаат да бидат подобар еден од друг, но двајцата се многу силни. Во однос на сетапот на болидот, Себастијан е многу добар во тоа. Тој поминува повеќе време од било кој со инженерите.

Кога има млад возач во тимот, тоа влијае над искусниот возач малку, Но откако ќе помине тоа и го гледате како еднаков, многу е поразлично и мислам дека ќе работат добро заедно. Се надевам во тоа, важно е за првенството.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ